Младинците на Шкендија со минимален пораз од Нитра во ЛШ

Младинскиот тим на Шкендија загуби со 1-0 во Словачка од Нитра во првиот меч од квалификациите за младинската ЛШ. Сепак, овој резултат им дава реални шанси да се елиминира словачкиот состав во реваншот кој ќе го играат на домашен терен.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Роберт Коша во 49.минута. Во самиот финиш, Нитра остана и со играч помалку, откако поради два жолти картони беше исклучен Ондреј Врабел.

Реваншот ќе се игра на 18 октомври.

Се вчитува...