Младинската репрезентација на Македонија забележа победа од 35-26 над Саудиска Арабија, на првиот од низата контролни натпревари што младите ракометари ќе ги одиграат како загревање за претстојното европско првенство.
Избраниците на селекторот Илиевски одиграа одличен натпревар на офанзивен план, уште на паузата имаа предност од пет гола (18-13), за до крајот да ја зголемат позитивата до конечните „плус девет“.
Македонските младинци утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар со истиот ривал, можност за уште подобро воигрување и кревање на формата во пререт на европскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
