Младинците во група со Израел, Литванија, Грција, Луксембург и Велика Британија

Македонската ракометна репрезентација до 20 години ги доби противниците за ЕХФ шампионатот кој летово ќе се одржи во бугарска Варна. Македонија ќе биде дел од групата А во која за ривали ќе ги има Израел, Литванија, Луксембург, Велика Британија и Грција.

Младинските шампионати не носат место на ЕП, па затоа се само за надигрување меѓу националните тимови. Според тоа што може да се забележи на прв поглед Македонија во оваа група има големи шанси за полуфинале, но тоа ќе треба да се одработи и на теренот така што дефинитивно ќе биде интересно на овие натпревари во Варна.

 

Се вчитува...