Младиот Стефан Младеновски потпиша професионален договор со Црвена Звезда

Младиот играч 15-годишниот Стефан Младеновски, потпиша професионален договор со белградска Црвена Звезда. Напаѓачот е роден во 2007 година во Скопје, и во текот на својата кариера играше за помладите селекции на Вардар, пред да замине во Белград.

Иако од неодамна е дел од академијата на Црвена Звезда, со одличните партии веќе го привлече вниманието на челните луѓе на „црвено-белите“ и дојде до својот прв професионален договор.

Во текот на пролетта ќе настапува за селекцијата на „млади кадети“ на Црвена Звезда, а ќе биде и под будното око на првиот тим за во иднина.

Се вчитува...