Младиот стопер Обадиќ од Тетекс со трансфер во Грција

Петар Обадиќ, младиот и перспективен стопер кој досега настапуваше во Тетекс, во иднина ќе настапува во грчкиот тим Еордаикос од Птолемаида.

Обадиќ потекнува од младинската школа на Тетекс, а кратко време беше дел и од Македонија ЃП.

Станува збор за 20-годишен играч кој одигра важна улога во опстанокот на Тетекс, кога беше во критична ситуација и му се закануваше испаѓање. Ова е прв интернационален предизвик за дефанзивецот.

Се вчитува...