Италијанскиот пливач Алесио Окипинти е победник на 39-тото издание на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска.
Тој ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри за 5:03.44 часа. На маратонот годинава учествуваа вкупно 16 натпреварувачи. Второто место му припадна на неговиот сонародник Николо Ричарди. Трет пристигна 17-годишниот Петар Цеков, кој го освои бронзениот медал за Македонија.
Во женска конкуренција победи Аргентинката Матје Ален Пука. Таа стигна четврта во вкупниот поредок со време од 5:20.46 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
