Младите фудбалери ја преслушаа Естонија во Анталија

Младата репрезентација на Македонија до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Естонија во рамките на второто коло од силнот меѓународен турнир во турска Анталија.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа еден квалитетен натпревар, сигурен, со дисциплинирана игра и голема желба за победа. Естонија беше надиграна во сите сегменти на овој натпревар.  Извонреден на овој натпревар беше Алтин Алији кој ги постигна сите три погодоци за Македонија.

Првиот гол нашиот фудбалер го постигна во 36. минута од средбата по голема иницијатива на нашата репрезентација. Алтин Алији во 58. минута, со својот втор погодок го зголеми водството за својата селекција, а третиот погодок го постигна во 74. минута од средбата.

Македонија: Спаско Ахтаров, Габриел Крстевски, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Адриан Незири, Давид Ристовски, Матеј Гаштаров, Никола Манојлов, Алтин Алији, Веби Ислами, Стефан Младеновски;

Се вчитува...