Младите фудбалери на тренинг-камп кај селекторот Милевски

Селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, Благоја Милевски заедно со неговиот стручен штаб од денеска до 14. декември ќе одржат тренинг камп за фудбалери до 20 години од домашниот шампионат.

За тренинг кампот во Охрид на „Билјанини Извори“, Благоја Милевски ги повика следните фудбалери: Давид Денковски (Академија Пандев), Матеј Андов (Вардар), Марио Младеновски (Вардар), Јован Манев (Брегалница), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Трајкоски (Македонија Ѓ.П.), Анес Османовски (Брегалница), Абдулхади Јахја (Струга Трим Љум), Џемал Ибиши (Вардар), Давид Тошевски (Работнички), Енсар Љума (Дрита), Јакуп Бериша (Шкендија), Сухељ Мухарем (Шкупи), Емир Скендери (Тиквеш), Стефан Наумчевски (Вардар), Давид Велковски (Вардар), Зоран Ивановски (Беласица), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Оливер Стоименовски (Борец), Бојан Димовски (Вардар);

Поради повреда од списокот отпаднаа Али Адем и Бојан Колевски од Вардар. Нивните тимски колеги Матеј Андов, Џемал Ибиши и Бојан Димовски ќе ги пропуштат првите два тренинзи поради настап за младинците на Вардар во Купот на Македонија.

Селекцијата која што ќе го одработи кампот во Охрид, в сабота од 13:00 часот ќе одигра тренинг натпревар против Работнички на стадионот „Билјанини Извори“ од 13:00 часот.

Се вчитува...