Младите Хусеиновиќ и Стојановски ја освоија титулата на турнирот во двојки „Ниш опен 2021“

Амар Хусеиновиќ и Филип Стојановски во конкуренција на двојки ја освоија титулата на турнирот до 16 години „Ниш опен 2021. Во финалето тие играа против Александар Даскаловиќ и Никола Јовиќ од Србија а мечот го добија со резултат 6-4, 6-0.

Во поединечна конкуренција Амар стигна до 1/4 финалето каде загуби од Никола Лулиќ 4-6, 3-6. Стојановски стигна до 3. коло каде загуби од Тодор Вукомановиќ со резултат 5-7, 4-6.

Во женска конкуренција вкупно настапија 7 наши тенисерки каде одличен резултат постигна Ана Митевска која во конкуренција на двојки во пар со тенисерката од Србија Миа Милисављевиќ стигна до 1/4 финалето.

Берк Бугариќ настапи на ИТФ турнирот од трета категорија во Нојнкирхен, Германија. Тој во поединечна конкуренција стигна до 1/2 финалето каде загуби од шведскиот тенисер Исак Стромбер (168 место на ИТФ ранг-листата) со резултат 3-6, 2-6. Берк настапи и во двојки каде стигна до 1/4 финалето.

Александра Симева настапи на ИТФ турнирот до 18 години од 4. категорија во Јанина, Грција. Во конкуренција на двојки таа стигна до 1/2 финалето каде заедно со Елина Сахарова од Русија играа против Ројзин Гилхени од Австралија и Табита Холмс од Велика Британија, мечот заврши со резултат 3-6, 6-7(7).

Се вчитува...