Младите „лавови“ се нови шампиони на Македонија и ќе играат во ЛШ (ФОТО)

Младинскиот тим на Македонија ЃП е нов шампион на Македонија во оваа категорија, добивајќи можност ова лето да ја претставуваат Македонија во младинската лига на европските шампиони.

Младите „лавовите“ во денешното последно коло од лигата дојдоа до неопходната победа на гостувањето против Пелистер во Битола па ја зачуваа лидерската позиција, закитувајќи се со шампионската круна.

Македонија ЃП ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите во младинска категорија. Претходно во ова натпреварување Македонија ја претставувале и Вардар, Шкендија и Победа.

Се вчитува...