Младите одбојкари со убедлив пораз од Бугарија на отворањето на Зонските квалификации

Младата репрезентација на Македонија за одбојкари до 20 години со пораз го стартуваше натпреварувањето во БВА Зонските квалификации во Софија.

Македонија на отворањето на квалификациите загуби од домаќинот Бугарија во три сета, со 13-25, 12-25, 12-25.

Нова шанса нашите одбојкари ќе бараат утре во дуелот со Белорусија.

Се вчитува...