Младите „пелистерци“ се исплашија од „Диви“, убедлива победа на Пролет

Петар Ангелов беше во главна улога на денешниот пријателски натпревар на кој Пролет славеше со убедливи 28-19 против Пелистер 2. Младите битолчани уште на самиот почеток се соочија со проблем да го најдат патот до мрежата крај искусниот голман, по што Пролет токму благодарение на одличниот „Диви“ успеа уште во првото полувреме да стигне до одлична предност.

„Пелистерци“ не искористија четири седмерци во првото полувреме, во кое Пролет уште по петнаесетина минути игра поведе со 8-2, потоа контролирајќи го резултатот се до конечните 14-8 на крајот од полувремето. Избраниците на Матлиески продолжија во ист стил и во второто полувреме, поведоа со 18-9 и потоа рутински го доведоа натпреварот до крај.

Ова беше последна контрола за тимот на Пролет, кој го заврши подготвителниот период со четири победи и еден пораз (во Автокоманда од Металург).

Се вчитува...