Младите пелистерци убедливо поразени од Барселона во малото финале во ЛШ

Младинците на Еурофарм Пелистер, се убедливо поразени од Барселона (28-55) во малото финале во Лигата на шампионите. Младите битолски ракометари вчера не успеаја да обезбедат учество во финалето, откако беа поразени од дански ГОГ со 21-36.

Низ целосна доминација, шпанскиот тим го реши победникот уште по првиот дел, кога се стекна до предност од +12 (14-26). Младите пелистерци немаа сили да парираат на расположениот противник, кој на крајот успеа да слави убедлив триумф од 27 голови разлика.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Коладо кој постигна 11 голови, додека Марти Дуке имаше гол помалку. Десет гола за македонскиот тим постигна Алем Хаџиќ.

Се вчитува...