Младите порачуваат: Молдавците ќе платат за промашувањата со Холандија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за претстојниот квалификациски натпревар против Молдавија кој го играат на 17. октомври на стадинот Зимбру, во Кишињев.

Селекторот Драган Канатларовски денеска и со вториот активен тренинг низ подготвителниот циклус, во насока на што подобра подготвеност за важната пресметка со секогаш незгодната Молдавија.

Максимално позитивна атмосфера владее меѓу надежите кои посакуваат сега да биде корегиран оној пораз од Холандија во Скопје, во натпревар во кој Македонија беше и подобар противник од „лалињата“ но не беа искористени бројни шанси, по што следеше казната… Сега Молдавците треба да платат за промашувањата со Холандија…

 

Се вчитува...