Младите ремизираа без голови со Австрија на тестот во Риед

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ремизираше без голови со соодветната селекција на Австрија на пријателскиот натпревар кој се одигра во Риед.

Избраниците на Драган Канатларовски, за разлика од претходниот дуел со Грузија во квалификациите за ЕП 2025, одиграа тактички поквалитетен натпревар против Австријците низ отворен фудбал кој на крајот заврши без постигнат гол, 0-0 и покрај апсолутната доминација на домашните.

Македонија на дуелот со Австријците настапи во следниот состав: Николовски, Абази, Ангелов, Деспотовски, Фетаи, Крстевски, Максимов, Николов, Стојчевски, Тодоровски и Златков. Во второто полувреме уште играа и: Рамани, Исаки, Митрев, Рамадани, Калкан, Станковски, Георгиевски и Трајков.

Се вчитува...