Младите ремизираа со Црна Гора во претпоследниот меч од квалификациите за ЕП

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ремизираше (1-1) со Црна Гора во деветтиот натпревар од квалификациите за ЕП 2027.

Македонските надежи овој пат, на дебито на новиот селектор Александар Танески на клупата на националниот тим, одиграа без победник со Црногорците на дуелот кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Немаше многу возбудувања на дуелот во првото полувреме, низ рамноправна играа гостите дојдоа до водство од првата своја шанса преку Андреј Костиќ во 44. минута од средбата.

Во второто полувреме далеку поагресивна игра на македонските фудбалер кои од самиот старт силно тргнаа кон голот на гостите. Па, најпрво во 54. минута фудбалерот на Вардар, Димитар Данев имаше можност да донесе израмнување, одлично шутираше кон противничкиот гол од 15 метри но гредата спречи погодок за Македонија.

Сепак, израмнувањето дојде веќе во 58. минута кога Љатифи погоди од белата точка, по сосема оправдано досудениот пенал за македонската селекција.

До крајот Македонија притсна и за целосен пресврт, но не успеа да дојде до триумф.

Се вчитува...