„Младост“ е неосвоив – „пандевци“ се непобедливи! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Академија Пандев и во петтиот натпревар сезонава на домашен терен на стадионот „Младост“ во Струмица продолжуваат со максимален ефект.

Денеска, ниту лидерот Шкендија не успеа да им ја открадне и петтата победа на „пандевци“ кои во Струмица се непобедливи. Сега пробивајќи и се на втората позиција на табелата тивко, но повеќе од сигурно, цврсто чекорат кон првенствениот врв… Денеска и без репрезентативецот Љупчо Дориев, и без уште неколку повредени првотимци, на крајот стигнаа до трите бода благодарение на триумфот од 3-2 обезбеден во 90. минута.

[new_royalslider id=”823″]

Се вчитува...