Младоста на Македонија покажа квалитет против Кувајт

Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Кувајт со 24-27 во првиот подготвителен натпревар кој се играше во Србија, пресрет Европското првенство во 2020 година.

Комбинираниот состав во кој недостигаа најискусните репрезентатици без поголеми проблеми го совлада Кувај. Уште од самиот старт го контролиравме натпреварот,а на полувреме  заминавме со предност од 14-9, а најдобар поединец беше младиот Кизиќ кој забележа 9 интервенции.

Во вториот дел ракометарите на неколку наврати стигнаа и до највисоки плус седум, а новата ротација и малото опуштање доведе до крајот Кувајт да стигне до пристоен пораз од 24-27.

Костески со осум гола беше прво име во нашиот табор, додека Никола Маркоски беше стрелец на четири гола. Младиот голман, Марко Кизиќ мечот го заврши со 12 одбрани. Утре од 19:00 часот Македонија и Кувајт ќе одиграат  и втор натпревар.

Се вчитува...