Поранешниот НБА кошаркар Кенион Мартин раскажа како сега веќе починатиот легендарен тренер Џери Слоун сакал да се пресмета со него, по еден силен прекршок кој го направил врз Карл Мелоун.
„Силно го фаулирав Мелоун, а Слоун дојде од другиот дел на теренот и ми рече: Што е ова по ѓаволите? Ќе те претепам. Бев изненаден си викам „старче седи пред да те претепам“. Брзо не разделија. Тоа беше момент кога сфатив дека Џери е навистина незгоден човек“, изјави Мартин.
Слоун почина вчера во 78-та година од животот.
RIP JERRY SLOAN
2 x All-Star as a player & Hall of Fame coach who was willing to get in the face of any player including Kenyon Martin & Jerry Stackhouse!
— Ballislife.com (@Ballislife) May 22, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА