Многу поскромна посета од мечот со Полска… Каде се фановите!?

Далеку поскромна поддршка во однос на претходниот натпревар со Полска ќе имаат македонските репрезентативци на вечерашниот квалификациски натпревар против Австрија кој од 20:45 часот стартува на националната арена „Тоше Проески“.

На десет минути пред стартот на натпреварот, на нашиот најголем стадион едвај присутни околу 6.000 навивачи. За разлика од мечот со Полска од пред три дена кога имаше 23.000 гледачи.

Останува можност до почетокот на дуелот барем уште малку да „напумпа“ бројката на присутни низ интенцијата репрезентативците сепак да добијат соодветна поддршка и за триумф против Австрија.

Се вчитува...