„Многу тоа е во игра за Ноле да дозволи да не игра во Мелбургн“

Новак Ѓоковиќ неодамна изјави дека ставот околу тоа дали ќе настапи на Австралија опен ќе го изнесе моментот кога ќе добие јасни правила од Австралиската тениска федерација за учеството на првиот гранд-слем во сезоната.

Државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн за сега инсистира дека виза ќе добијат само тенисери кои се вакцинирани со две дози. Светскиот рекет број 1 не сакаше да говори околу тоа дали е вакциниран или не, па затоа шпекулациите околу неговото учество се уште траат.

Во целата приказна се вклучи и поранешниот најдобар играч во двојки, Тод Вудбриџ верува дека Србинот ќе се појави во Австралија.

„Многу тоа е во игра за Ноле да го пропушти турнирот во Мелбурн. За мене би било незамисливо да не дојде. Убеден сум дека ќе игра“, изјави Вудбриџ. 

 

Се вчитува...