Мо Салах е избран за најдобар фудбалер на Премиерлигата

Египетскиот репрезентативец на Ливерпул, Мохамед Салах е избран за најдобар фудбалер во Премиерлигата во избор на фудбалските новинари во Англија. Очекувано, искусниот напаѓач ја доби оваа награда со 90 отсто од гласовите пред Вирџил ван Дајк, Александар Исак и Деклан Рајс и 15 други фудбалери.

Салах оваа сезона, која се уште не е завршена постигна 28 голови во Премиерлигата и забележа 18 асистенции за огормен придонес кон шампионската сезона на својот тим.

Египјанецот е само вториот фудбалер кој ја добива оваа награда три пати во кариерата со што се изедначи со легендата на Арсенал, Тијери Анри.

Се вчитува...