Моџи жестоко против Сари: Тој е жива катастрофа, за се бара оправдување

Поранешниот претседател на Јувентус, Лучијано Моџи е уште една личност, од плејадата, која ја критикува работата на Маурицио Сари кој никако да пронајде мир во соблекувалната и во медиумите на самиот старт од својот мандат во италијанскиот шампионат.

По ремито со Фиорентина, Сари се пожали дека временските услови биле лоши за игра… Антонио Конте веднаш му порача дека може да биде мирен затоа што сега е во редовите на доминантен клуб.

„Постојано бара некакви оправдувања, тоа му е навика. Тоа го прави буквално за секој неуспех. Тоа е лошо за фудбалот и Конте со право така му одговори. Секогаш бев на став дека мора да ги промениш играчите ако сакаш да ја промениш играта, а Сари тоа не го направи. Алегри замина затоа што сакаа да го променат стилот на играта кој сите го критикуваа. А како е ова стил сега?“ – вели Моџи кој нагласи дека Интер и Наполи оваа сезона ќе бидат повеќе од сериозна закана на надежите на Јувентус за титула.

Се вчитува...