Моџи тврди: Сергеј Милинковиќ – Савиќ ќе потпише за Јувентус

Сивата еминенција во италијанскиот фудбал, Лучијано Моџи, откри дека италијанскиот првак Јувентус е пред договор со најдобриот фудбалер на Лацио, српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, кој е еден од најпосакуваните играчи во Европа во овој летен преоден рок. Тој е во зоната на интерес на Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Јувентус и на Интер, а на крајот, како што вели Моџи, ќе заврши во Торино.

„Сергеј Милинковиќ – Савиќ е најдобриот фудбалер во Серија А. Тој е играч што може на свои плеќи да го носи речиси целиот тим, а на крајот ќе пристигне во Јувентус. Многу добро ја знам политиката на Јуве и верувајте дека тие нема да пропуштат да го доведат најдобриот играч за врска во Италија во своите редови ова лето. Ќе видите дека тоа ќе се случи и многу брзо“, изјави Лучијано Моџи.

Лацио бара отштета од преку 120 милиони евра за продажбата на Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Се вчитува...