Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ и дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид. Тој си собра наградите на УЕФА и на ФИФА за најдобар фудбалер за изминатата година, но оваа и не е главен адут на новиот тренер на „кралевите“, Хулен Лопетеги. Токму поради ова, а и поради желбата да си замине што ја потенцираше во летниот преоден рок, Реал Мадрид ќе му дозволи на Модриќ да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Останува Флорентино Перез и Хулен Лопетеги во продолжение од сезоната да одлучат дали Хрватот ќе може да замине во јануари, или пак по завршувањето на оваа натпреварувачка година. Како најсериозен кандидат за наследник на Лука Модриќ во средниот ред на Реал Мадрид се споменува Кристијан Ериксен, данскиот репрезентативец од англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА