Модриќ го одби Реал Мадрид, Интер му нуди многу повеќе пари

На Лука Модриќ минатото лето не му беше дозволено да се пресели во редовите на Интер, но Хрватот останува цврст на намерата во блиска иднина да ги промени клупските бои. Токму затоа, најдобриот светски фудбалер за 2018 година без многу размислување ја одбил добиената понуда да потпише нов договор со Реал Мадрид.

„Телемадрид“ јавува дека Флорентино Перез му понудил на Модриќ зголемување на платата од 6,5 на осум милиони евра по сезона, но Хрватот експресно дал негативен одговор на истата, јасно ставајќи до знаење дека по добиените индивидуални награди очекува да биде најплатен фудбалер во клубот. Впрочем, Модриќ веќе на маса има побогата понуда од таа на Реал, што газдите на Интер ја испратија до неговиот агент, во вредност од десет милиони евра по сезона.

Со оглед на фактот дека актуелниот договор на хрватскиот интернационалец истекува во јуни 2020, тој се надева дека ќе го убеди Флорентино Перез да го продаде на Интер за пониска отштета, за пред крајот на кариерата да се пресели на Апенинскиот полуостров.

Понудата на газдите на Интер е великодушна, тој би заработил 20 милиони евра плус бонуси во Милано, а воедно би имал и загарантиран договор за потоа, на 35-годишна возраст да се пресели во Кина и да заработи уште 20 милиони за две сезони во дресот на Џиангсу Сунинг, клубот што има исти сопственици како и „нероаѕурите“.

Се вчитува...