Модриќ го покани на вечера цел тим на Реал, освен Винисиус

Реал Мадрид викендов го игра вечното дерби со Барселона, a Лука Модриќ реши да организира вечера во својата вила во шпанската престолнина за да ја крене атмосферата во тимот во пресрет на најважниот меч сезонава.

Потегот е за почит, но голем дел од шпанската јавност е изненадена што Модриќ ја повикал целата екипа на Реал, со исклучок на Винисиус Жуниор. Хрватскиот ветеран не крие дека е исфрустриран од однесувањето на Бразилецот за време на тренинзите и натпреварите, па е уверен дека Винисиус со таквиот однос го навлекува бесот и на противниците, на судиите, но дури и на своите соиграчи.

Извори од таборот на Реал тврдат дека бразилскиот голгетер никогаш не бил омилен во тимот, но иритантното однесување кулминирало во последните месеци, кога тој ја загубил поддршката од тренерот Анчелоти, а раце од него кренал и Модриќ како најискусен во тимот.

Мадридските медиуми информираат дека дури и Белингем и Мбапе се дистанцираат од големата бразилска ѕвезда, па не се исклучува можноста Флорентино Перез летово да се активира и да го продаде Винисиус во Саудиска Арабија.

Се вчитува...