Модриќ и на 39 години држи лекции по фудбал: Погледнете го најдоброто од Хрватот на „Ел класико“ (ВИДЕО)

Лука Модриќ настапи 45. минути на натпреварот против Барселона во последното „Ел класико“ во сезоната и со два фантастични потези потврди дека и на 39-годишна возраст се уште е зрел за настап во елитниот ранг на фудбал.

Хрватот со фантастичен дриблинг го седна 17 години помладиот Родри на тревата, а имаше и фантастично додавање до Винисиус отварајќи му слободен простор на Бразилецот за асистенција во Мбапе за третиот гол на Реал Мадрид.

По настапот на „Ел класико“ фановите на Реал Мадрид веднаш побараа на искусниот хрватски фудбалер да му биде продолжен договорот, поготово во овие тешки моменти за клубот.

Се вчитува...