Модриќ и Перез постигнаа договор: Хрватот останува во Реал Мадрид

Лука Модриќ и следната година ќе биде во Реал Мадрид. Тоа е јавна тајна која ќе добие официјална потврда во наредните недели, пишува шпанска „Марка“ во текстот со наслов „Како Модриќ го продолжи договорот со Реал“.

Целата ситуација се одвиваше слично како и минатата година. Останувањето во клубот беше единствената опција за Лука и покрај астрономските понуди од Блискиот Исток.

„Продолжувањето на договорот на Модриќ со Реал е секогаш едноставен, иако со последниот имаше малку поголема тензија отколку со претходните“, пишува шпанскиот весник.

Уморен од чекање и во случај да има сомнеж од страна на Реал, Модриќ го направи првиот чекор за продолжување на договорот. Имено, Модриќ иницирал средба со Флорентино Перез со цел брзо и ефикасно да се реши прашањето за неговата иднина.

„Лице в лице, транспарентен како и секогаш, Модриќ му порача на Перез дека не сака арапски милиони, туку дека сака да продолжи да игра за Реал. По што добил потврда од Перез дека тој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона“, завршува „Марка“. 

Се вчитува...