Модриќ: Играме под ниво, јас сум прв меѓу најлошите

Носителот на признанијата за најдобар играч сезонава во најзначајните светски избори, Лука Модриќ признава дека тој и неговите соиграчи комплетно потфрлаат сезонава особено по последниот пораз во Ла Лига по кој „кралскиот клуб“заостанува 10 бода зад водечката Барселона.

Вистинската причина за тоа што потонавме е што многу играчи на Реал не играат на нивното најдобро ниво. Јас сум прв меѓу нив. Морам да се подобрам и ова го зборувам за да ја признаам мојата лоша форма и за да преземам одговорност“ – изјави Модриќ.

Модриќ потенцира дека неефикасноста го уништува Реал. Сезонава актуелниот европски првак има постигнато само 26 гола на 18 натпревари, а веќе има и шест порази.

 

 

 

Се вчитува...