Модриќ контра Флорентино: Јас барав трансфер, Интер не е виновен

Лука Модриќ се согласи да остане во Реал Мадрид и во новата сезона, но очигледно Хрватот не се гледа себе си уште долго како член на „кралскиот клуб“. Токму затоа тој реши отворено да застане во одбрана на Интер во случајот во ФИФА против „нероаѕурите“, навлекувајќи го бесот на Флорентино Перез.

Првиот човек на Реал реши да испрати тужба до ФИФА против Интер, заканувајќи се и со забрана за трансфери, но Модриќ не сака да дозволи така нешто. Како што јавуваат шпанските медиуми, Хрватот самиот испратил допис до светската куќа на фудбалот, објаснувајќи дека тој самиот иницирал контакт со клубот, а не обратно, што ќе значеше кршење на правилата од страна на „нероаѕурите“.

Тој посочил дека по СП 2018 побарал трансфер, по што неговите агенти ги почнале разговорите со Интер.

По ваквиот развој на настаните очигледно е дека ФИФА нема да го казни италијанскиот клуб, но останува да се види реакцијата на Флорентино Перез.

Се вчитува...