Модриќ љубезно одбиен од возачот на автобусот на Реал откако слушна што сака (ФОТО)

Фудбалерите на Реал очекувано се опуштија синоќа по освојувањето на новата титула во Ла Лига, и покрај тоа што за само неколку денови ги очекува реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Славјето во центарот на Мадрид траеше до раните утрински часови, а во центарот на вниманието беше и Лука Модриќ кој оваа сезона игра фантастично.

Хрватот опуштајќи се до максимум, во еден момент побарал од возачот на автобусот на Реал Мадрид ако може тој да седне и да го вози автобусот. Но, возачот секако очекувано љубезно го одбил. Секако, тоа не ја намали еуфоријата кај Модриќ кој е еден од милениците на Карло Анчелоти.

Се вчитува...