Модриќ: Минувам низ период во кој се мачам, никогаш ова не ми се случило!

Лука Модриќ ги минува најубавите денови од својата кариера. По освојувањето на третата круна во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а четврта во кариерата, и историското сребро со Хрватска на Мундијалот во Русија, Модриќ стигна и до титулата најдобар фудбалер на годината во изборот на УЕФА и ФИФА.

Но, сега по големото признание, Модриќ признава и дека овој му е период во кој и тоа како се мачи на теренот…

„Навистина се мачам многу со опоравувањето од напорот во Русија и сите емоции кои следеа потоа. Не беше лесно да се почне од почеток со клубот. Навистина сум исцрпен. Сега се чувствувам се подобро од ден на ден, но ми требаат уште неколку натпревари за да се вратам на ова стандардно ниво. Не е лесно…“ – вели Модриќ.

Исцрпувачки за капитенот на Хрватска беше по враќањето и од Русија…

„По финалето следеа дочеци, најпрво во Загреб а потоа низ цела Хрватска. Со години чезнеевме за таков успех и кога стигнавме до финалето со години таложените емоции излегоа на површина. Сето тоа еруптираше. Го имав најкраткиот одмор било кога во кариерата, само три недели. Но, сега мора да се фокусирам само на сезоната со Реал, да бидеме на нивото кое се очекува од нас. Ми треба време, но ќе бидам оној стариот“ – вели Модриќ.

Се вчитува...