Модриќ: Не дојдовме да се браниме, повеќе сакав да играме на полн „Енфилд“

Лука Модриќ се наоѓа во извонредна форма, а по беспрекорните изданија против Ливерпул и Барселона во Мадрид хрватскиот ас очекува серијата добри настапи да продолжи и на утрешното гостување на „Енфилд“.

Извонредниот плејмејкер го респектира противникот, но и порачува дека Реал Мадрид нема намера да ја брани предноста од 3-1 на утрешниот реванш.

„Мораме да одиграме како што прилега на едно четвртфинале од Лигата на Шампионите. Имаме предност, но тоа не значи дека треба да се браниме. Дојдовме овде за да одиграме напаѓачки како и на првиот натпревар, повторно да го победиме големиот ривал. Искрено, јас лично жалам што трибините ќе бидат празни бидејќи повеќе сакав да играм на полн „Енфилд“, атмосферата на овој стадион секогаш кога сум играл била фантастична“, истакна Модриќ.

Се вчитува...