Модриќ одбил нов договор со Реал Мадрид!?

Изминатава година на фудбалски план дефинитивно мина во знакот на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој во своето „богатство“ на трофеи ја дополни и „Златната топка“.

На Модриќ во јуни 2020 година му завршува договорот со Реал Мадрид. Но, како што пренесува „Телемадрид“, Модриќ одлучил да не прифаќа, и покрај понудата, нов договор од „кралевите“.

Наводно, се работи за понуди која и не ги задоволила баш апетитите на Хрватот па се чини дека неговото заминување од Мадрид е се поизвесно.

Веќе од поодамна се спомнуваше како Модриќ во своите редови сака да го донесе Интер, па сега е можно отворање простор за меѓусебни преговори за трансфер. По принципот „Кристијано Роналдо“!

Се вчитува...