Модриќ одлучи: По СП во Катар се повлекува од репрезентацијата на Хрватска!

Фудбалската хрватска ѕвезда Лука Модриќ, освојувачот на „златната топка“ во 2018 година за најдобар светски фудбалер ќе се пензионира од репрезентацијата на Хрватска после Мундијалот во Катар догодина, доколку „коцкестите“ изборат настап таму.

Најугледниот шпански весник „Марка“ објави дека Реал Мадрид му правел притисок на Модриќ полека да ја привршува репрезентативната кариера со оглед на тоа што веќе влегува во сериозни години и не може да го издржи темпото, како за „кралевите“, така и за националниот тим.

Реал Мадрид посакува исклучиво Лука да се сконцентрира само на настапите за најтрофејниот европски великан, па поради ова, Модриќ сега веројатно на СП во Катар би ја заокружил својата извонредна кариера во која стигна до сребро на последниот Мундијал во Русија пред три години, како најголем успех во историјата на хрватскиот фудбал.

Досега Модриќ за Хрватска има запишано 142 настапи, а дебитираше за „коцкестите“ во 2006 година против Аргентина. Хрватот од 2012 година е дел од Реал Мадрид, а летово потпиша едногодишен договор и сега секоја година ќе добива нов договор, поради традицијата на „кралевите“ на постари фудбалери над 30 години да не им дава подолгорочни договори.

Се вчитува...