Модриќ открива: Роналдо тргна да се тепа со Мурињо, едвај ги задржавме…

Дека Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо не се во најдобри односи е добро познато, но Лука Модриќ обелодени дека едвај била спречена тепачка меѓу двајцата Португалци додека тие биле дел од Реал Мадрид. Хрватскиот плејмејкер ја опишува ситуацијата во својата автобиографска книга, откривајќи дека Кристијано бил на работ на солзи пред да влезе во конфликт со тренерот.

„Тоа беше натпревар од Копа дел реј и веќе водевме со 2-0 кога Мурињо полуде на Роналдо. Кристијано ја загуби топката, а потоа не трчаше по противничкиот играч да се обиде да ја земе, оставајќи го Жозе бесен. Пријдов до Роналдо, тој беше на работ на солзи и ми се пожали: Правам се што можам, давам се од себе, а тој цело време ме критикува“, открива Модриќ.

Конфликтот продолжил и откако тимот влегол во соблекувалната.

„Влеговме во соблекувалната, последен влезе Мурињо и веднаш почна да го критикува сонародникот за неодговорноста во играта. Ситуацијата се вжешти, Роналдо стана и тргна кон Мурињо, едвај ги задржавме да не дојде до посериозен инцидент“, обелоденува хрватскиот интернационалец во својата автобиографија.

Се вчитува...