Модриќ после Мундијалот во Катар ја завршува репрезентативната кариера

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ, потврди дека после Мундијалот во Катар кој ќе се одржува следниот месец, нема повеќе да настапува за репрезентацијата на Хрватска. Капитенот кој има 37 години ја потврди веста во интервју за каналот на ФИФА.

Модриќ во 2018 година ја предводеше Хрватска до финале на Мундијалот во Русија, а потоа ја освои и Златната топка, и така ја прекина долгогодишната доминација на Роналдо и Меси.

Досега Модриќ има одиграно 154 натпревари за Хрватска, за која дебитираше во 2006 година. Во текот на репрезентативната кариера постигна 23 гола.

„Свесен сум дека ми се ближи крајот на кариерата, и ова Светско првенство ќе биде за мене последно натпреварување на кое ќе играм за Хрватска. Често ме прашуваат зошто и понатаму играм за Хрватска, наместо да се фокусирам кон клубот, но репрезентацијата е нешто посебно за мене. Нема поголема чест да играм за својата држава. Моето простување веројатно ќе биде тешко“, рече Модриќ. 

Се вчитува...