Модриќ: Сакам да се пензионирам во Реал Мадрид

Ги освои сите можни индивидуални признанија за најдобар светски фудбалер во 2018 година, а најавите се дека на самиот почеток од 2019 би можел да направи трансфер од Реал Мадрид во италијанскиот калчолигаш Интер. Сепак, Лука Модриќ по добивањето на „Златната топка“ потенцира дека сака да остане во „кралскиот клуб“ се до пензија.

„Имам уште две години од мојот договор со Реал Мадрид, а се надевам дека ќе останам и подолго. Многу сум среќен во клубот, одличен е животот во Мадрид и би сакал да останам. Отсекогаш сум велел дека сакам да се пензионирам во Реал Мадрид“, изјави Модриќ.

Но, Интер упорно се труди да го ангажира и ќе притисне повторно во зимскиот преоден рок во нова понуда. Можна и размена Модриќ – Икарди, со тоа што „кралскиот клуб“ ќе доплати значителна сума за да го добие капитенот на „нероаѕурите“.

Се вчитува...