Модриќ: Мадрид е мојот дом и сакам овде да се пензионирам!

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ уште една кажа колку му значи Реал, изразувајќи желба и надеж дека клубот од Мадрид ќе биде неговиот последен.

Модриќ наскоро треба да стави потпис на нов едногодишен договор со Реал Мадрид. И покрај возраста тој се уште е еден од клучните играчи во тимот.

„Свесен сум колку многу ме сакаат фановите, ми го покажуваат тоа на натпреварите, на улиците. Неверојатно е, секој ден сум им благодарен за љубовта која ја покажуваат кон мене. Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто кога ќе го облечам дресот на Реал Мадрид и така да им се оддолжам за љубовта која ми ја даваат. Мадрид е мојот дом, се чувствувам многу среќно во клубот, јас сум уште еден мадридиста и ќе бидам до крајот на животот. Се надевам дека ќе се пензионирам во Реал“, изјави Лука.

Се вчитува...