Лука Модриќ со тимот на Реал Мадрид одлета во Соединетите Американски Држави каде ќе игра на Светското клупско првенство.
Тоа ќе биде збогување за Хрватот од Мадрид. Легендата на Реал таму ќе се обиде да го освои 29. трофеј со клубот во кој дојде во 2012 година.
По завршувањето на тоа натпреварување Модриќ ќе се пресели во Милан со кој веќе се договорил. Сепак, според порталот „Defensa Central“, кој го следи Реал, постои можност Лука да остане во Реал под еден услов.
„Можно е Модриќ да остане во Реал уште една сезона, бидејќи клубот не ја исклучува можноста да му понуди нов договор доколку заработи тешка повреда за време на Светското клупско првенство“, стои во написот на реноминираниот портал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА