Модриќ самокритичен: Бавни сме, предвидливи, празни и потрошени…

Хрватска во дербито на групата од квалификациите за СП загуби од Исланд со гол во последната минута, по што „рибарите“ се израмнија со „коцкастите“ на врвот од табелата со 13 бода.

Најразочаран меѓу Хрватите беше капитенот Лука Модриќ кои си „подари“ серија критики на себе и своите соиграчи.

„Разочарани сме и од резултатот и од сопствената игра. Добри бевме првите 15 минути, а потоа бевме бавни, предвидливи, без движење по теренот. Против тим како Исланд тешко е тогаш во таков случај да се направи било што“ – вели Модриќ и дополнува:

„Не е дека не сакавме да победиме, но изгледавме празно и потрошено. Тешко ми е да најдам вистински зборови за да се опише тоа што се случуваше“.

Хрватска до крајот на квалификациите ја очекуваат домашните дуели со Косово и Финска, како и гостувањата против Турција и Украина.

Се вчитува...