Модриќ се врати… Овации од 80.000 на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид синоќа славеше со 3-1 против Милан во рамките на „Бернабеу купот“. Но, на страна и препородениот Бејл, и Бензема и Рамос, и Игуаин кој постигна одличен гол во дресот на Милан, апсолутно во фокусот беше хрватскиот „крал“ Лука Модриќ.

Модриќ ги одигра првите минути од враќањето од одмор и беше пречекан како што само може да посака. Во игра влезе во 77. минута на местото на Иско, а од 80.000 на „Сантијаго Бернабеу“ доби вистински овации какви најдобриот фудбалер на Мундијалот 2018 и заслужува…

Се вчитува...