Модриќ урна рекорд на Реал Мадрид стар 60 години

Лука Модриќ не е стандарден во првиот тим на Реал Мадрид како во претходните години, но хрватскиот фудбалски велемајстор продолжува да ги урива рекордите на најтрофејниот европски клуб.

Така, влегувањето во игра во 75. минута на синоќешното гостување во Минхен му донесе на Хрватот нов рекорд, откако Лука стана највозрасен играч кој настапил за Реал на меч од Лигата на Шампионите.

Модриќ го одигра мечот со Баерн на возраст од 38 години и 234 дена, уривајќи го речиси 60 години стариот рекорд што досега му припаѓаше на Ференц Пушкаш. Легендарниот Унгарец во 1965 настапи за Реал на гостувањето против шкотски Килмарнок на возраст од 38 години и 229 дена.

За Модриќ ова беше вкупно 126.настап во Лигата на Шампионите, со што се наоѓа на 16. место на вечната листа во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...