Модриќ: Зизу ми кажа… Те гледам со „Златната топка“

Лука Модриќ во интервју се сети за првата средба со Зинедин Зидан. Хрватскиот репрезентативец тврди дека Зизу го „претскажал“ освојувањето на „Златната топка“ на Хрватот.

„Се сеќавам на тој разговор. Зизу ми кажа … „Те гледам како фудбалер кој еден ден може да ја освои „Златната топка“. Никогаш претходно не размислував за наградата, но кога Зизу ќе ти каже такво нешто, тогаш чувствуваш самодоверба. Затоа секогаш имаме добар однос. Се надевам дека уште долго ќе остане во Мадрид“, изјави Модриќ.

Модриќ во 2018 година беше избран за најдобар фудбалер во светот откако ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, но и ја водеше Хрватска до сезнационално финале на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...