Мохамед Салах е фудбалер на сезоната во Премиерлигата!

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах сосема очекувано е избран за најдобар фудбалер на Премиерлигата за сезоната 2024/25.

На тој начин, Салах стана само петти фудбалер во историјата на Премиерлигата кој двапати дошол до најпрестижното признание откако истото го освои и во сезоната 2017/18. Освен Египќанецот, двапати ова признание го добиле и Тјери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин де Бруин.

Сезонава Салах постигна 28 гола а имаше и 18 асистенции во 37 првенствени натпревари, на патот до новата шампионска титула со Ливерпул.

А, вкупно во сите натпреварувања сезонава одигра 51 натпревар притоа со 33 постигнати голови и 23 асистенции, што е импресивен ефект.

Се вчитува...