Моисе Кин го урна рекордот на легендарниот Дел Пјеро

Италијанскиот првак Јувентус изненадувачки загуби на гости против Спал со 2-1, но тренерот Масимилијано Алегри експериментираше со составот на овој меч. Шанса повторно доби младиот Моисе Кин и ја искористи на најдобар можен начин, постигнувајќи го единствениот гол за „старата дама“. Тој стигна до шестиот гол оваа сезона и со тоа го надмина легендарниот Алесандро Дел Пјеро.

Легендарната „десетка“ на Јувентус на 19 години, колку што сега има Моисе Кин, постигна пет гола во една сезона во Серија А.

Се вчитува...