Тренерот на шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал, Карлос Моја ги шокираше фановите на „белиот спорт“ откако објави дека еден од најдобрите тенисери на денешницата е пред нервен слом, поради преголем физички и психички напор.
Моја посочи дека Надал пред две години бил на раб на таков колапс, а сега повторно е близу до таа точка, па оттаму и одлуката на Шпанецот од неодамна да ги прескокне претстојниот трет Грандслем годинава Вимблдон, како и олимпискиот турнир на ЛОИ во Токио.
„Тешка беше оваа сезона на земјени терени, а него сето тоа премногу физички и ментално го исцрпи. Пред две години беше на раб на нервен слом и едвај се извлече, а сега повторно е близу таа точка“, рече Моја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА