Мојсоски: Бутел и Пролет секогаш играат „машки“ ракомет

Ракометарите на Бутел со оптимизам го очекуваат утрешниот дуел со градскиот ривал Пролет (18 часот), против екипашто исто како и нив има освоено 21 бод во досегашниот дел од Супер-лигата.

Еден од најискусните во таборот на „бутелци“, Златко Мојсоски, очекува тежок дуел  соголема борба на двете страни од теренот.

„Се познаваме многу добро со екипата на Пролет. Нашите меѓусебнии двобои секогаш биле неизвесни и интересни до самииот крај, се играло машки, но фер и коректно. Мислам дека ние сме подготвени, и физички и тактички за овој дуел, кој ќе пробаме да го добиеме. Притисокот ќе биде на страната на Пролет, тие играат на домашен терен, ќе решаваат нијанси. Се надевам на добар натпревар во кој ќе уживаат сите љубители на ракометот“, изјави Мојсоски.

Се вчитува...