Мојсов: Оваа екипа може многу, јас имав деби од соништата

Еурофарм Работник со третата победа ја заврши сезоната во ракоmетната Лига на шампионите. Во Битола падна Бидасоа Ирун за победнички крај на дебитантскиот настап.

„За мене ова беше најпосакувано деби. Имавме тешка недела, имаме болни и повредени играчи. Денеска ракометарите одиграа  како вистинска екипа. Оваа екипа може многу. Оваа екипа беше формирана за Лигата на шампионите. Имавме надолнини и проблеми но, мислам дека конечно ќе излезема на правиот пат“ – вели денешниот предводник од клупата, Божидар Мојсов.

На Еурофарм сега му преостануваа декемвриските предизвици во СЕХА лигата до крајот од оваа година.

 

Се вчитува...